Турскиот миленик на жените и неговата убава сопруга пречекаа нов член на семејството: Нивната љубов ги поби сите лоши гласини
Бурак Озчивит и неговата убава сопруга Фахрије Евџен добија второ дете, нивниот постар син доби брат
Миленикот на женската популација, Бурак Озчивит и неговата убава сопруга Фахрије Евџен ги израдуваа своите фанови со добри вести.
Фахрије родила второ дете, син на кој му дале име Керем.
По излегувањето од болница, парот дал изјави за насобраните новинари, а тие велат дека породувањето поминало добро.
„Пораѓањето помина добро. И бебето и јас сме добро“, кратко рече Фахрије, која излезе во долг црн капут држејќи го за рака Бурак додека тој носеше го носеше транспортерот со бебето во другата.
„Реакциите на Каран се одлични. Тој едвај чека да го запознае својот брат. Да бидам искрен, тој не изненади сите. Дали присуствував на породувањето? Секако, ги пречекав и Каран и Керем, што е одлична работа. Благословен сум“, рече Бурак.
Двојката е во брак од 2017-та година, а втората бременост ја криеја долго време. Тие го добија своето прво дете, синот Каран, во 2019-та година.
Пред три години веста за нивната разделба се прошири низ медиумите, а проблемите во нивниот брак наводно започнале откако Фахрије паднала во депресија поради смртта на нејзиниот татко и не сакала да го прифати советот на Бурак да побара стручна помош. Според извор близок до парот, проблем бил и прашањето за воспитувањето на нивниот син бидејќи тие имале различни пристапи. За среќа, драмата набрзо доби среќен крај и еден од најубавите турски парови остана во брак, а сега изгледаат посреќни од било кога.