Твитер „гори“: Фотките од Хари Стајлс облечен како Малата сирена станаа хит на Интернет
Веќе ни е познато дека поранешниот член на групата One Direction, Хари Стајлс, во потполност ја поддржа ЛГБТ заедницата. Тој ќе има улога во геј филмот „My Policeman“, а Хари исто така изгради и свој моден стил, па така носи и машка и женска облека. Иако имаше многу хомофобични коментари поради неговиот избор на облека, сега на интернетот се проширија неговите на кои е облечен во принцезата Ариел од „Малата сирена“ и луѓето се воодушевени.
Во петокот попладне, обожавателите на пејачот Хари Стајлс на Твитер започнаа да ги споделуваат неговите фотографии на кои носи градник во облик на школи, црвена перика и опашка како сирена, додека пише шампањ и пуши цигара. Малку е доколку кажеме дека овој изглед на Хари ги примами обожавателите. Некои се пошегуваа дека пејачот би требало да се придружи на актерската екипа од претстојниот „римејк“ на Малата сирена. Верувале или не, Хари и требало да го глуми принцот Ерик во овој филм, но на крајот ја одбил оваа улога.
Photos of Harry Styles dressed as Ariel from ‘The Little Mermaid’ have resurfaced. pic.twitter.com/YICYiIDIew
— Pop Crave (@PopCrave) April 16, 2021
"The Little Mermaid" live action, coming out 2022 pic.twitter.com/cxCjoBjTb7
— jay (@foolsrainberry) April 16, 2021
Сепак, како што дознаваме, овие фотографии постојат одамна и истите биле дел од снимањето на „Saturday Night Live“ и се прашуваме зошто баш сега станаа популарни на Интернет.