Твитер „гори“ поради ова видео: Многумина тврдеа дека Бајден заспал на состанокот, но ова е вистината
Американскиот претседател Џо Бајден стана хит на социјалните мрежи откако на „Твитер“ беше објавено видео на кое тој очигледно спиел за време на состанокот со израелскиот премиер Нафтали Бенет.
Твитер заедницата беше поделена по повод ова видео, па некои тврдеа дека спие, а други дека не е вистина. Како и секогаш, корисниците на Твитер се шегуваа на сметка на американскиот претседател.
Видеото во кое Бајден, кој неговиот претходник Доналд Трамп го нарече „заспан Џо“, навидум спие, за кратко време стана вирално, а Твитер „гори“ од мемиња и духовити коментари.
We didn’t call him Sleepy Joe Biden for nothing! pic.twitter.com/TlCc5CeoYC
— Nick Adams (@NickAdamsinUSA) August 28, 2021
Американските медиуми наведуваат дека Бајден „заспал“ за време на состанокот неколку дена по крвавиот напад на аеродромот во Кабул, кога загинаа 13 американски маринци. Додека многумина ја доведуваа во прашање позицијата на администрацијата на Бајден кон Авганистан, Бенет истакна дека нема забелешки, како што објави порталот Хиц.ком.
Израелскиот премиер на видеото зборуваше за новоформираното пријателство со Вашингтон. Но, додека Бенет зборуваше, Бајден гледаше надолу, што некои го протолкуваа дека спие.
#sleepyjoe #friends couldn’t resist pic.twitter.com/4uc0VZCeIc
— RD ₿TC (@RD_btc) August 28, 2021
Don’t be a #SleepyJoe
— RD ₿TC (@RD_btc) August 28, 2021
Start stacking #Bitcoin right now..!@michael_saylor @maxkeiser pic.twitter.com/7GFRFLazPP
Sleepy Joe pic.twitter.com/Wv816mpnPA
— Savage Neanderthal (@TheKingIsBack80) August 29, 2021
Сепак, Hitz.com посочува дека малкумина забележале дека прстите на Бајден се движат додека зборува Нафтали, како знак да ја следи неговата приказна.
Видеата што се споделуваат на социјалните медиуми, сепак, се исечени за да доведат до погрешен заклучок: на подолгата снимка, неколку секунди подоцна, може да се види дека Бајден му одговара на Бенет.
Оригиналната снимка од целиот состанок може да се најде на овој линк.