Твитер објави за кои видео игри најмногу се зборуваше во 2019
Оваа видео игра ги надмина Fortnite, Minecraft и PlayerUnknown's Battlegrounds.
Fate / Grand Order е видео играта за која Твитер најмногу зборуваше изминатата година.
Статистиката е објавена на официјалниот Твитер блог, каде е откриено дека во 2019 година имало 1,2 билиони твитови за видео игрите. Ова претставува зголемување од 20% во однос на претходната година, пишува сајтот Gamasutra.
Во првите десет десет игри освен споменатите четири беа и Final Fantasy, Identity V, Granblue Fantasy, Ensemble Stars, Monster Strike и Super Smash Bros.
Јапонија беше земјата која најмногу пишуваше твитови во врска со видео игрите.