Уапсен е поранешниот на Кајли Џенер: Раперот ја претепал девојката, таа објавила фотки од повредата
Камерин тврди дека раперот тогаш ја удрил и ѝ нанел модринки по лицето и телото...
Поранешниот партнер на Кајли Џенер (24), раперот Тајга (31) е уапсен поради тешко семејно насилство, а одредена му е и кауција во износ од 50.000 долари.
Тајга во Лос Анџелес доброволно ѝ се предал на полциијата за време на обвиненијата на неговата поранешна девојка Камерин Свансон, која на Инстаграм објави фотографии од наводните повреди кои ѝ ги задал тој, пишува TMZ.
Раперот сакал на полицијата да ѝ ја објасни својата страна од приказната, откако Кмаерин го обвинила дека грубо ја нападнал по кавгата во неговата куќа.
Извори блиски на TMZ тврдат дека Камерин еден ден околу три часот наутро видно вознемирена го посетила раперот. Тогаш пред неговиот дом почнала жестока кавга. Тајга ѝ дозволил да влезе, каде нивната гласна кавга продолжила. Камерин тврди дека тогаш раперот ја удрил и дека ѝ направил модринки по лицето и телото.
Потоа Камери објавила низа Инста-сториња со вознемирувачките фотографии од своите повреди.
„Толку ми е неудобно шот мораше да дојде до ова, но морам да се заложам за себе“ - започна.
„Бев емоционално, психички и физички злоставувана и не сакам повеќе да го кријам тоа“ - напиша на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
Тајга и Свансон својата врска ја објавија во февруари оваа година. Манекенката и сопственичка на модниот бренд „Meaning of Mine“ тогаш на социјалните мрежи сподели нивна заедничка фотографија на која се држат за раце.
Пет месеци подоцна се зборуваше дека се верени, бидејќи Свансон е видена со прстен кој имал два големи дијаманти на левата рака, но тоа не е потврдено од страна на двојката.