Уапсени се родителите на детето кое пред смртта изгледало како костур и си играло со фекалии: Ова е најморничанивот случај на злоставување кој полицијата го видела
Полициските извештаи наведуваат дека Навин Џонс бил „екстремно неухранет со скелетен изглед“...
Родителите на 8-годишното момче се уапсени откако нивниот син престанал да диши. Властите од Пеорија, Илиноис, соопштија дека Брендон Вокер (40) и Стефани Џонс (35) се обвинети за убиство од прв степен. нивната кауција е одредена на милион долари и најверојатно ќе се соочат со доживотен затвор.
Полицијата од Пеорија во соопштението од 30 март наведе дека полицијата била повикана во куќата еден ден порано и дека го затеклана Навин Џонс. Утврдиле дека „не реагира и.. не диши“. Во подоцнежните ажурирања, одделението соопштило дека „детективите успеале да ги идентификуваат“ Џонс и Вокер „како осомничени во оваа истрага“. По разговорот со родителите, тие биле „уапсени поради загрозување на животот или здравјето на детето, кој за жал завршил со смрт“, соопштила полицијата.
„Прелиминарниот причинител за смртта е последица од физичко злоставување и занемарување“ - додало одделението.
Бабата на Навин од страната на татко, инаку добила законско старателство над 8-годишното момче и неговата 12-годишна сестра во април 2017 година, но двете деца од неодамна почнале да живеат со родителите. Полициските извештаи наведуваат дека Навин бил „екстремно неухранет и изгледал како костур“. Имал неколку модринки, гребаници и лузни по телото. Изгледало како да имал повреди на двата зглоба. Судскиот лекар од округот Пеорија, Џејми Хардвуд, оцени дека смртта е убиство и кажа дека тоа е еден од најлошите случаи на злоставување што некогаш ги видел. Обвинителот Дејв Кени на сослушувањето во четвртокот кажал дека злоставувањето бил ово тек и дека во октомври минатата година Невин бил последен пат донекаде здрав.
Невин бил под закрила на државата од декември 2013 година по што е роден со наркотици во организмот. Мајка му во 2006 година родила дете кое умрело по три месеци. Вокер не бил таткото. Сето тоа укажува на тоа дека имало злоставување.
Бабата, која не е именувана во евиденцијата ги оставила децата на родителите помеѓу 10 јули и 1 август минатата година за да отпатува на Флорида поради „итен семеен случај“. Кога се вратила, родителите „одбиле да ги вратат“ децата. Бабата ја повикала полициската управа во Пеорија и дежурната линија DCFS за да ги пријави околностите. Во извештајот на полицијата од 17 август се наведува дека бабата кажала дека е „готова со ова и дека ќе се врати на суд и дека децата ќе ги даде во хранителско семејство“.
Но, на 19 август, поднела пријава во полициската управа во државата Вашингтон, обидувајќи се да ги врати децата и побара „потполна доверба за добронамерноста“.
На 14 февруари полицијата добила анонимен повик од личност која пријавила дека децата не одат на училиште.
Повикувачот исто така кажал дека постариот брат скеој ден одел на работа со Вокер, дека очите на Навин биле „црно - сини“, дека бил во неволја откако „станал среде ноќ и го изел пилешкото кое Стефани го зготвила за нив“. Стефани и Брендон често го оставале во подрумот кога сакале да се одморат.
За време на посетата на полицијата Невин изгледал екстремно слабо, но Стефани и Брендон тврделе дека јаде, но дека не може да се поправи. Двајцата родители се оцените како безбедни.
Работник во Лутеранската социјална служба од Илиноис кажал дека разговарал со Џонс на 23 февруари за тоа дека Навин си играл со фекалии. Следниот ден, на полицискиот оддел во Пеорија било потврдено дека двајцата родители „негирале било каква злоупотреба“. Бабата на 14 март ги потпишала документите за доделување на краткорочно старателство на родителите и повторно на 29 март - денот кога Навин починал.
Според полицијата, Навин имал траги од лагатури, чиреви, а во неговата спална соба имало купишта чаршафи натопени со урина. Кога стигнал во болница, тежел 17 килограми и паднал во хипотермина, а неговата телесна температура била 22,2 степени.
Судењето на Вокер и Џонс е закажано за 28 април во оркугот Пеорија. Додека првично бил застапуван од јавен бранител, Вокер посочил дека има намера да ангажира адвокат. Погребот на Навин треба да се одржи во вторник во 10 часот во католичка црква во Мортон, пренесе „Independent“.