Убав гест или сака светот да има убаво мислење за неа: Хајли Бибер и се извини на келнерка кон која се однесувала лошо
Пред неколку дена, една девојка, Џулија Флеур Каролан, која работела како келнерка во ресторан во Америка, сними видео на „TikTok“ во кое ги оценува sвездите кои го посетиле тој ресторан, а таа им служела. На списокот се најдоа Кајли Џенер, Хејли Бибер, Џиџи и Бела Хадид и други славни личности, а Кајли и Хајли добија едни од најниските оценки затоа што, како што вели Џулија, Кајли е скржава, а Хајли Бибер не ја третирала убаво.
These are just my personal experiences, pls take with a grain of salt xo ##greenscreen ##manhattan ##fyp ##foryoupage ##celebrity ##rating ##newyork
Кога Хајли го виде ова, таа напиша коментар извинувајќи ѝ се на девојката што ја служела.
„Наидов на ова видео и само сакам да кажам дека ми
е жал ако некогаш сум била лоша кон тебе, јас не су навистина таква. Не ми е
пријатно кога го слушнав твоето искуство со мене, но се надевам дека ќе те
видам повторно еден ден за да можам да ти се извинам во живо “. - напиша Хајли,
а келнерката Џулија и одговори многу брзо.
„Здраво Хајли. Ти благодарам што одвои време да се извиниш, се надевам дека ќе се видиме еден ден и ќе започнеме одново, без негативни вибрации “. - напиша Џулија Флеур Каролан.
Што мислите, дали Хајли го прави ова затоа што таа навистина се грижи или само сака светот да има добро мислење за неа? Без оглед на причините, за ова, во секој случај, убав гест од нејзина страна, можеме да кажеме само одлична реакција!
Видео: Тик Ток
Хајли Бибер го откри својот летен трик за чиста и убава кожа