Хајли Бибер го откри својот летен трик за чиста и убава кожа
Иако Хајли е супермодел и нејзината кожа изгледа
совршено на фотографиите, таа откри дека всушност се бори со акните и мозолчиња
цел живот. Таа секогаш бара работи кои ќе и помогнат во надминување на овој
проблем, а сега го откри и својот мал летен трик кој и помага во тоа.
Хајли Бибер има проблеми со акните и не се обидува
да ги скрие од своите фанови. Таа нема совршена кожа, како и многу девојки кои
ја следат, и затоа зборува отворено за овој проблем. За да ја одржите кожата
колку што е можно чиста, важно е да обрнете внимание на вашата исхрана и да ги
искористите правилните средства за чистење на лицето, но има и други мали нешта
што можат да помогнат при акни и мозолчиња. Хајли во „story“ на нејзиниот инстаграм профил откри што и помага
во борбата против акните: пливање во океанот / морето.
Таа во моментов е на годишен одмор на тропска
локација и поголемиот дел од своето време го поминува во вода. Таа откри дека
забележала дека нејзината кожа секогаш изгледа најдобро кога поминува време во
океанот, иако не и е јасно зошто, токму морската вода е нејзиниот летен трик за убава кожа.
Иако Хајли не го знае ова, постои причина зошто
морската вода и помага во борбата со акните. Морската вода има висока концентрација на сол и
е познато дека е добра за кожата од неколку причини. Ја чисти кожата од
нечистотии затоа што има ексфолирачки својства и ги отвара порите. Покрај тоа,
морската вода има антибактериски и антиинфламаторни својства. Сето ова води кон
намалување на бактериите кои предизвикуваат акни и ја остава кожата почиста и
поубава. Но, морската вода исто така и ја суши кожата, затоа внимавајте.
Годинава поради пандемијата со корона вирус ретко кој ќе има можност да оди на море, бидејќи се затворени границите, но доколку до крајот на летото успеете да отидете на море или пак живеете покрај море или океан, кога сте на плажа одете со чиста кожа и оставете ја морската вода да делува врз вашата кожа.
Фото: Инстаграм