Заедно поминаа среќа и тага, а си посветија и стихови: Најпопуларните песни на Џастин Бибер за Селена Гомез

Заедно поминаа среќа и тага, а си посветија и стихови: Најпопуларните песни на Џастин Бибер за Селена Гомез

Објавена во: Stars // Музика

Џастин Бибер и Селена Гомез се стара веќе раскажана приказна и во медиумите неодамна немаше ништо поврзано за овој несуден пар, бидејќи Селена одамна ги преболе тие денови, а Џастин сега е во брак. Сепак, во нивната музика останаа многу траги од нивната долгогодишна врска, па така и пејачката на својот последен албум имаше неколку песни за кои се надева дека пејачот ги има слушнато. И Џастин има многу песни за неа во текот на целата кариера, па да се потсетиме на оние најпопуларните.

Еден од најпопуларните хитови на Џастин на сите времиња е воедно и неговиот прв хит, „Boyfriends“, кој излезе кога тој веќе беше со Селена, а тогаш изјави дека со задоволство пишувал за работите кои се актуелни во неговиот живот. Уште една песна, која е посветена на Селена, а е дел од албумот „Believe“ е песната „Die In Your Arms“.


Компилацијата „Journals“ од 2013 година исто така имаше моменти посветени на Селена, а најпопуларна е „Heartbreaker“, од периодот кога тие двајца се разделија. Песната „All That Matters“ исто така се однесува на Селена и тоа пејачот го кажа директно во интервју: „Песната е за неа, за С.Г. и периодот кога нашата врска беше во ред“.


Во 2015 година следуваше неговиот албум „Purpose“, на кој се шпекулира дека има песна за Селена, а тој и самиот зборуваше колку таа му била инспирација: „Многу бев инспириран поради неа, бидејќи тоа беше долга врска, во која имаше и тага и среќа, имаше многу различни емоции за кои треба да се пишува“. Очигледно е дека „Love Yourself“ ја посветил на Селена, а уште поочигледно е дека на неа и припаѓа и неговото извинување, хитот „Sorry“, па и првиот сигнл од албумот, „What Do You Mean?“.

И додека најсвежиот албум на Селена, „Rare“ има одредени хитови кои се за Џастин, тој на своето највежо издание „Changes“, песните ги посвети на својата сопруга Хајли. Сепак, во 2017 година ја објави песната која очигледно има текст за Селена, а тоа е „Friends“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: