Убиствата влијаеле на него и неговото семејство: Војаж прави документарец за трауматичното детство (ВИДЕО)
Михајло Веруовиќ Војаж полека, но сигурно ги освојува срцата на сите генерации. Освен што е успешен во музиката, тој доби и важен ангажман во светот на глумата, а работи и на снимање на сопствен филм, кој има многу тешка позадина.
Како што дознава екипата на „24седам“, филмот ќе биде базиран на вистините факти. Како некој на кој татко му бил телохранител и ранет за време на атентатот на покојниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, во филмот ќе може да се погледнат и документарни видеа, а ќе биде прикажано и бегството на неговото семејство во Франција и среќавањето со разните препреки, за што досега многу малку зборувал во медиумите.
Во емотивното интервју кое го даде за „24седам“, Војаж раскажа како течат подготовките за филмот и каква улога има неговиот татко во сето тоа.
„Сега дојдовме до тоа дека сум популарен. Приказната го следи она што сум сега. Ништо нема да се додава и одзема. Еден реален филм без никакви зачини. Малку е неблагодарно да зборувам за сето тоа. Целиот тој концепт е од очите на едно дете. Како го сфатив јас тоа политично убиство и како тоа влијаеше на мене. Како станав тоа што сум. Темата е многу длабока од самото прераскажување, бидејќу ние го преживеавме тоа. Се трудам од тоа да го извлечам само најдоброто, да направам што е до мене за тој документарец да има среќен крај.“
фото: Принтскрин / Инстаграм