Уценувачки објави се шират на ТикТок: Дали би ја убиле својата мајка за 100.000 евра?
Дали би ја убиле својата мајка за 100.000 евра? Или пак: Лајкни го и шерни го видеово ако не сакаш да умре мајка ти. Вакви објави се среќаваат на социјалната мрежа ТикТок која е хит кај тинејџерите, но и кај нешто повозрасните.
Очигледно е дека кај некои тинејџери нема родителска контрола кога тие ги објавуваат овие вознемирувачки зборови, а младите, за повеќе „лајкови“, „шерувања“ и следбеници ја користат својата имагинација и ја прикажуваат на лош и на крајно опасен начин.
Фотографиите направни од видеа кои ги забележавме се од соседна Србија, но овие познати ТикТокери ги следат и тинејџери од Македонија. Има и такви кои користат слики од животни и поставуваат слични прашања: Дали би ме убиле за 1000000000000 долари? За да добијат повеќе следбеници на ТикТок, тинејџерите кои знаат дека ниту едно дете не би убило животно, на суров начин се снаоѓаат за „лајкови“. „Лајк ако нема да ме убиеш“, стои во коментарот понатаму.
Популарните call to action објави, главно се користат во маркетингшки цели, и се создаваат за да се мотивираат следбениците на компанија, бренд или пакпоединец за да комуницира со личноста или со брендот, даваќи свој коментар за одреден производ или на одредена тема. На тој начин се создава поблиска комуникација помеѓу призводителот/маркетинг агентот и клиентот/купувачот. На пример: „Како ви се допаѓа мојот денешн аутфит? Напишете ми во коментар. Блузата ја купив од..., а патиките ми се од...“
Call to action објавитекои им се мотив на тинејџерите за уценувачките објави, се користат и за наградни игри. Тие ѝ се добро познати на јавноста. „Заследи го мојот профил на Инстаграм, тагни ја личноста со која сакаш да одиш во кино, сподели ја објавата...“
Опасноста од користењето на овој тип објави за тинејџрите, ја коментира Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти од „Хармоничен свет“. Стефановска смета дека тинејџерите кои со коментар одгововараат на ваквите уценувачки статуси, на тој начин всушност се ослободуваат од стравот што го чувствуваат, дека навистина може да ја загубат својата мајка или своето милениче.
„Во периодот на училишната возраст социјалните односи и улогата на врсниците за детето постанува и повеќе од важна. Во време во кое децата овие социјални односи ги дигитализираа на разноразни мрежи и апликации нивната врсничка интеракција што во превод подразбира правење на заеднички активности преку кои едни стимулираат со своето поведение а пак други одговараат на тој стимул исто така со некакво поведение. Врсничката интеракција беше карактеристика за физичкиот контакт и природно ги јакнеше социјалните вештини и најнапред треба да им обезбеди вежбање на преговарање, соработка, разменување на информации и вештини, поставување на правила и граници во групата итн. Она што сега се случува а е некој вид на социјална манипулација од страна на поединци кои користат уценувачки статуси или слики со цел да добијат поголема популарност (следбеници) или виденост меѓу врсниците користејќи ја моќта да изнудат коментар под статусот или сликата кој ќе ја зголеми нивната видливост. Уценувачките статуси најчесто опфаќаат осетливи теми за децата како загуба на член од семејството, убиство на милениче, штета итн, што предзивикуваат чувство на страв кај оние кои го погледнале таквиот статус, па за да детето се ослободи од тоа чувство на страв е принудено на некој начин да одговори на таквиот статус. Овие деца всушност незнаат што навистина прават, едноставно се водени на погрешен начин од својот социјален порив“ - ни изјави Стефановска.
Милица Џаровска
Фото: Принтскрин ТикТок / Getty images