Учениците им покажуваат трик од ТикТок на професорите по физика: За тоа добиваат високи оценки (ВИДЕО)
На прв поглед изгледа како да нема смисла, но има...
Сакаш да го импресионираш професорот по физика и пропратно да добиеш добра оценка? Овој трик би можел да помогне. Учениците им го покажуваат на своите професори, а некои поради тоа им ставаат високи оценки. Вреди да се проба!
Некогаш ТикТокот е корисен! Како на пример во овој случај. Во тренд е видео во кое еден ученик покажува трик кој изгледа да им пркоси на законите на физиката. Некои професори се импресионирани кога учениците ќе им го покажат овој трик и поради тоа им ставаат високи оценки. Од друга страна, некои велат дека тоа е стар трик и дека веќе знаат за него. Каква е ситуацијата со твојот професор? Можеш да ризикуваш и да му покажеш. Или ќе го импресионираш или нема да добиеш никаква реакција, во секој случај, немаш што да изгубиш. Потребни ти се само линијар и две пенкала, предмети кои сигурно ги носите со себе на училиште.
На некои им е тешко да го рекреираат ова, но можно е. Треба само добро да ги свртиш пенкалата и добро да ги наместиш. Можеби нема да ти успее од прва, па ќе треба малку да повежбаш. Важно е кога ќе ги прицвртиш пенкалата за линијарот, на врвовите да ги ставиш едно врз друг, како да ја добиваш буквата „Х“.
@rl_btw7 #goviral #pleasegoviral #foryou #fizika Original sound - взаимная подписка
Има и туторијал за сите оние на кои не им е 100 проценти јасно како да ги наместата и како да останат во таа положба. Не е тешко и без проблем ќе го направиш овој трик. Пред да го повикаш професорот и да му го покажеш трикот, тестирај дали добро ги имаш наместено.
@rl_btw7 Replying to @_black_pink_101 #fizika #foryou #pleasegoviral #goviral Viral Sound Oh My God - Lilly
Ако ова не успее да го импресионира твојот професор, имаме уште есен ас во ракав со кој можеш да се обидеш да заработиш добра оценка. Еден молив може да држи дури 6 од нив, и тоа само на линијар, а еве како.
@mari_sv_7 #fyp #trend #balance #physics original sound - NEVER MIND
Луѓето се воодушевени со овие трикови кои изгледаат да се невозможни. Всушност воопшто не се тешки и за секој од нив има објаснување во физиката.
фото: Принтскрин / ТикТок