Учениците од училиштето „Ацо Шопов“ од Бутел, Скопје, дизајнираа прототип за користење обновлива енергија во нашите домови

Учениците од училиштето „Ацо Шопов“ од Бутел, Скопје, дизајнираа прототип за користење обновлива енергија во нашите домови

Објавена во: После „Школо“ // PR

Тимот ученици од училиштето „Ацо Шопов“ од Бутел, Скопје, го освои првото место на третиот Предизвик за кодирање во организација на Британски совет, како дел од програмата „Училишта на 21-от век“. Настанот имаше за цел да ги инспирира учениците со кодирање да ги решаваат секојдневните проблеми со кои се соочуваат нивните локални заедници и училишта

Називот на победничкиот проект е „„Микро:бит“ обновлива енергија“. Благодарение на вештините за кодирање, критичко размислување и решавање проблеми коишто ги стекнаа во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“, тимот кој го сочинуваат учениците Филип Величковски и Ангел Крстевски со помош на нивната наставничка по Информатика, Билјана Симоноска Антовска, го решија проблемот со изнаоѓање начин за користење обновлива енергија од ветер и сонце во нашите домови.

„Навистина уживав секоја минута додека кодирав со „Микро:бит“. Со другар ми работевме тимски и создадовме целосно функционален прототип.Учењето е дефинитивно позабавно на овој начин.“, изјави еден од победниците.

И покрај пандемијата и учењето од далечина, наставниците и учениците покажаа цврстина и ентузијазам за создавање иновативни проекти и за учество во натпреварот. Процесот за пријавување, како и самиот натпревар, се одвиваше онлајн со цел да се заштитат сите учесници. Беа избрани десетте најдобри тимови кои ги претставија нивните проекти пред жири-комисија.  

За време на воведниот говор, заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани изјави: „Верувам во потенцијалот на сите присутни. Вие сте иднината на оваа земја и затоа ве уверувам дека државата ќе се залага и понатаму да го стимулира вашиот труд и да го надградува вашиот капацитет. Очекувам и понатаму поддршка од нашите долгогодишни партнери од Обединетото Кралство и Британски совет, кои преку оваа програма ни помогнаа да го модернизираме нашиот образовен систем, особено од аспект на примена на современата ИТ технологија и иновации.“

„Програмата „Училишта на 21-от век“ е од огромно значење за училиштата во Северна Македонија. Уредот „Микро:бит“ беше воведен како наставна алатка во училиштата во Обединетото Кралство во 2016 година. Од особена важност е тоа што учениците имаат пристап до наставните алатки што ги користат децата од Обединетото Кралство, бидејќи со тоа ќе се надмине дигиталниот јаз помеѓу нив и ќе добијат исти можности за вработување во иднина.“, истакна Доминик Отвеј, заменик амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија.  

За програмата „Училишта на 21-от век“

„Училишта на 21-от век“ е амбициозна тригодишна образовна програма, во вредност од 10 милиони фунти, финансирана од Владата на Обединетото Кралство и дизајнирана и спроведена од Британски совет во земјите од Западен Балкан.

Програмата се спроведува во партнерство со релевантните образовни институции ширум земјите од Западен Балкан и има за цел да им овозможи на еден милион ученици, на возраст од 10-15 години, да стекнат вештини за кодирање, критичко размислување и решавање проблеми, со кои младите ќе добијат подобри можности за вработување и со кои ќе се поддржи економскиот развој.  

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: