Учениците во Србија го повторуваат ова морничаво прашање по масакрот: По трагедијата, училиштата преку ноќ се променија
Учениците на наставниците им го поставуваат она прашање на кое што мислеле дека никогаш нема да мора да одговорат...
Страв, тишина и болка. Овие зборови најдобро би ја опишале состојбата во училиштата ширум Србија по огромната трагедија која се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар. Самата атмосфера потврдува дека преку ноќ се промениле работите, а наставниците тврдат дека се сретнале со прашања на кои никогаш не би помислиле дека ќе мораат да смислат одговор.
Претседателката на Сојузот на српските просветни работници, Јасна Јанковиќ, за „Телеграф“ тврди дека уште никој не се осветил од страшниот настан. Некој е подготвен да зборува, додека други го избегнуваат разговорот. Сепак, едно е сигурно - стравот е огромен.
„Ние уште се немаме осветено од тој настан, не сме се соочиле со настанот, а за последиците да не зборуваме. Уште зборуваме за тоа во смисла дека се случило нешто што сме мислеле дека никогаш нема да се случи, но на последиците уште не сме свесни. Јас сум сигурна дека последиците ќе бдиат страшни во смисла на големиот страв кај децата, родителите, но и вработените во училиштата. Мораме да преземеме нешто за нивната безбедност“ - апелира таа.
Јасна додаде дека сега е најважно да им се даде поддршка на децата. Има време за учење биологија, моментално некои други работи се многу поважни и токму тие разговори ќе остават најголем впечаток на децата.
„Со децата разговаравме колку што тие сакаа. Имате цели одделенија кои сакаа да разговараат, и одделенија кои сакаа да вежбаат математика. Имате одредени ученици кои ви приоѓаат и зборуваат со вас, а има и такви кои не го прават тоа. Уште не сме свесни за се. Моите колеги сега повеќе работат на намалување на стресот и тензијата кај децата, отколку на предметите. Има време да се учи биологија, но во која психичка состојбата ќе бидат децата, тоа е веќе проблем. Кога ќе влезете во одделение од 30 ученици, не можете да очекувате дека сите ќе се чувствуваат исто.“
Тврди дека имало и колеги кои едноставно не знаеле како да се носат со одредени прашања, бидејќи на вакво сценарио никој не бил подготвен.
„Учениците ни приоѓаа со страв и тоа голем страв. Моите колеги и колешки кога видоа колкав е стравот кај децата повикаа итна родителска средба за со родителите да го споделат начинот на кој ќе се разговара за тоа. Многу колеги вртеа на СОС телефони и бараа помош што да им кажат на децата и како да се однесуваат. Нас никој не не научи да зборуваме за тоа“.
Од друга страна, претседателот на Форумот на средни стручни училишта, Милорад Антиќ, тврди дека никогаш не се слушнала поголема тишина во училиштата.
„Учениците се тивки, тагуваат, иста е ситуацијата и кај наставниците. И понатаму во училиштата владеат мир и тишина, молчат и настаниците и децата. Се разговара, но не во таа мера за да се слушне џагор, смеење и галама. Дали тоа ќе се врати во некој момент, јас верувам дека ќе се случи. Децата прашуваат „дали тоа може да ни се случи и на нас“ - што е логично прашње. Обично наставниците им велат дека такво сценарио не доаѓа предвид, но немирот владее помеѓу нив.“
фото: Притнскрин / Јутјуб