Учениците за последен пат во училишните клупи: Од утре започнува летниот распуст!
Учениците ширум државата денес за последен пат се во училишните клупи. Од утре официјално за сите нив започнува летниот распуст и одморот од книгите.
270 илјади средношколци и основци завршуваат, а од нив 20 илјади се првачиња. Пред полуматурантите е запишувањето во средно училиште, а пред матурантите уште неколку полагања на предметите од државната матура.
За поголемиот број ученици овој ден е вистинска радост, а за некои и не толку, поради моментот што веќе нема да бидат со своите соученици. Во секој случај драги ученици уживајте во распустот што стои пред вас, а вие што сте полуматуранти и матуранти внимателно одберете каде ќе го продолжите своето образование!