Училиште во Кина со брилијатно решение: Најде начин како да ги задржи децата на растојание

Училиште во Кина со брилијатно решение: Најде начин како да ги задржи децата на растојание

Објавена во: Совети // School zone

Ова е еден од начините како да ги научите децата на социјално растојание.

Додека коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, градовите во Кина, каде беа пријавени првите случаи на „Ковид - 19“, претпазливо го враќаат животот во нормала. Па така едно училиште во Хангџоу презентираше нов начин на учење на учениците за социјалното дистанцирање.

Учениците од основното училиште „Јангшенг“ започнаа да одат во училиште, а за домашно добија уникатна задача за овие непосакувани времиња: да дизајнираат капа долга еден метар.

Овие капи со две крилни рамки, се моделирани по оние кои ги носеле владините службеници за време на династијата Сонг.

Според легендата, императорот на династијата, Таизу, го презентирал овој дизајн, кој се користел за време на утринските состаноци, со цел да ги спречи министрите да прават заговори против него.

Наставниците во ова основно училиште одлучија учениците да ги дизајнираат своите капи во стилот на династијата Сонг и така да научат за социјалното растојание.

„Ова навистина беше наша иновација. Ние се залагаме за учениците да носат капи со должина од еден метар и така да го одржуваат потребното растојание“ - изјави директорот на училиштето Хонг Фенг за еден локален весник.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: