Училиште за пример: Професорите и стручната служба од СУГС „Владо Тасевски“ добија сопствен лаптоп (ФОТО)

Училиште за пример: Професорите и стручната служба од СУГС „Владо Тасевски“ добија сопствен лаптоп (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Досега повеќе пати бевме сведоци на иновативноста во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје. Директорот, Александар Сибиновски повеќе пати досега покажа и докажа дека е одличен менаџер и дека на вистински начин ги распределува средствата на училиштето, но и дека се грижи за успешната настава и квалитетното образование на учиниците.

Овој пат, цел на интерес се професорите кои предаваат во ова скопско средно училиште. Имено, директорот на својот Фејсбук профил сподели одлични вести и посочи дека а секој професор, а ги има 90 на број, како и цела стучна служба има обезбедено лаптоп уред. Тој истакна дека на овој начин ќе им се овозможи на професорите да изведуваат настава во согласност со сите револуционерни светски стандарди.

„Замислете училиште со 30 интерактивни/smart табли! 

Училиште со 4 компјутерски лабаратории или вкупно 60 најсофистицирани компјутери!

Само пробајте да замислите училиште во кое секој професор или член на стручна служба поседува сопствен лап топ уред и на тој начин изведува настава во согласност со сите револуционерни светски стандарди!

Всушност, немора да замислувате, СУГС „Владо Тасевски“ - ПТТ е таков пример на училиште. 

ЧЕСТИТАМ КОЛЕГИ, НА ДЕНОТ КОГА ГО ЧЕСТВУВАМЕ НАШИОТ ПАТРОН ПРАЗНИК, ОБЕЗБЕДИВМЕ ЛАП ТОП УРЕД ЗА СИТЕ 90 НАСТАВНИЦИ И ЦЕЛАТА СТРУЧНА СЛУЖБА!

Вие го заслужувате најдоброто бидејќи сте дел од најдоброто училиште!“ - стоеше во објавата на директорот, која беше во споделена заедно со фотографии од колективот на училиштето.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: