Наставничка добила отказ: „Ми велат дека сум премногу секси за во училница“
Патрис рече дека добила отказ затоа што се облекувала премногу секси за во училница. Таа додаде дека доживеала малтретирање пред да го напушти училиштето. Смета дека фокусот не треба да биде на облеката, туку на студентите
Наставничка од едно училиште, Патрис Браун (33) добил отказ затоа што дошла на работа во несоодветна облека. На директорката на училиштето наводно не и се допаднало што на работа доаѓала во тесни фустани и хулахопки.
- Секогаш се сликав на работа и покажував колку ја сакам својата работа и секогаш изгледав убаво додека ги подучував децата - рекла таа.
- Наставничките често се малтретирани поради нивниот изглед од страна на администрацијата, родителите, другите наставници, а во повисоките одделенија од страна на учениците. Она што го носат наставниците не треба да биде во фокусот. Фокусот треба да биде на децата – рече Патрис, која нашла друга работа во друго училиште.
Патрис не е единствената. И други жени ширум САД се јавија и ја поддржаа, изразувајќи ја својата фрустрација поради слични инциденти, пишува Дејли Стар.
- Родителите треба да сакаат нивните деца да ги учи некој кој си ја сака работата и ги сака децата како да се нивни - коментира еден професор.