Украинската победничка на Евровизија- Руслана со загрижувачка порака: Нуклеарен тероризам, екоцид и еколошка катастрофа
Победничката на Евровизија во 2004 година постојано излегува на социјаните мрежи со воени ставови.
Украинската музичка звезда Руслана која тиумфира на Еросонгот во Турција, после настанот имаше завидна кариера, но тоа и овозможи и пратеничко место во Украинскиот парламент. Беше вклучена во политиката и постојано говореше на митинзи.
Сега во екот на војната во Украина, постојано е активна на Инстаграм и со воен речник ги опишува настаните од нејзин агол. Овој пат сподели дел од пораката на Началникот на Министерството за одбрана на Украина, бригаден генерал Кирило Буданов:
▪️ „Имаме информации за развој на две опции од страна на непријателот. Првиот е големо палење на радиоактивни шуми, радиоактивен облак ќе се издигне одеднаш и ќе оди во правец на ветрот. Втората е употребата на артилерија за нуклеарно складирање. Во првиот, во вториот случај, руското раководство има за цел да ја обвини Украина и нејзините „нацистички“, „неонацистички“ формации, кои овде навистина не постојат“.
▪️Русија не е првата која прибегнува кон нуклеарна уцена. Веќе имаше намерно гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, како и ракетен напад врз Харковскиот институт за физика и технологија, каде што се наоѓа експерименталниот нуклеарен реактор.
▪️Во секој случај, какво и да е сценариото на руското раководство, тоа ќе биде нуклеарен тероризам, екоцид и еколошка катастрофа што ќе ги погоди и Европа и Русија. А најмногу ќе настрадаат Белорусија и Украина.