Ураганката започна нова врска и драстично го промени имиџот: Ксенија сега има кратка коса (ФОТО)
Ксенија неодамна влезе во романса со синот на славниот актер Ирфан Менсур
Пејачката и членка на групата „Ураганки“, Ксенија Кнежевиќ, го промени имиџот и покажа дека блеска, како што коментираат, од љубов, без трошка шминка.
Откако ја прекина долгогодишната врска, Ксенија влезе во романса со актерот Павле Менсур и ја промени фризурата.
Ксенија ја скрати косата, и позираше во фризерскиот салон, без трошка шминка на лицето. Нејзината промена воодушеви многумина, па ѝ рекоа дека блесне поради нејзината нова љубов.
„Убава си“, „Промената е одлична за тебе“, „Блескаш, поради фризурата, но и поради твојата нова љубов“, „Фризурата е целосен успех“, „Природна убавина“, се некои од коментарите.