„Ураганките“ добија наследнички: Погледнете како изгледаат тинејџерките кои се претставија под името „Hurricane Junior“
Атрактивните „Ураганки“ Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ добија наследнички, членовите на групата „Hurricane Junior“
„По брзиот успех на групата Hurricane на балканската поп сцена, сфативме дека не можеме да постигнеме и да ги исполниме желбите на сите генерации, во кои особено доминира помладата публика. Тимот на Hurricane дојде до идеја да го прошири своето семејство со нова група, составена од девојчиња на возраст од 15 до 18 гоидни, кои ќе пеат песни само за помладата генерација. Тоа ќе биде единствена можност за нив да пораснат со нивните идоли на слична возраст, што е и целта на основањето на оваа група. Групата ја сочинуваат Бојана Радовановиќ, Милица Руњо, Јована Радиќ и Лара Грбиќ, кои имаат искуство во музичкиот свет преку детски фестивали и натпревари“ - за „Блиц“ кажаа од менаџментот на оваа група.
Возбудата не ја криеја и младите девојки, кои за „Блиц“ открија дека ќе дадат сѐ од себе за да не ја освојат публиката.
„Многу сме возбудени. Започнува едно ново поглавје во нашите животи и кариери за кои цврсто веруваме дека ќе имаат многу успех. Се надеваме на позитивни и убави реакции, бидејќи се трудевме со помош на нашиот тим да бидеме што подобри. Ќе дадеме сѐ од себе за кога е во прашање успехот, работата и трудот да бидеме наследнички на нашите постари членови на групата Hurricane“.
Бојана, Милица, Јована и Лара пред една недела ги објавија првите три песни, кои судејќи по прегледите и коментарите на Јутјуб, почнуваат да ја освојуваат младата публика.
Во продолжение слушнете ги: „Права ствар“, „Балканита“ и „Come and love me“.