Урбаните девојки обожуваат марами на глава: Практичен моден детаљ кој прави да изгледате шик и тренди

Урбаните девојки обожуваат марами на глава: Практичен моден детаљ кој прави да изгледате шик и тренди

Објавена во: Мода // Must have

Марамите неодамна повторно се вратија во светот на модата и се неопходен аксесоар кога сакате брзо да го промените вшаиот единствен изглед.

Марамата за коса може да биде еден од најпрактичните и најубавите украси за коса. Тоа е еден посебен моден детаљ која ќе ја разубави вашата фризура или ќе ги сокрие недостатоците, на пример доколку саката не ви е миена тој ден.

Ги носеле и дамите со префинет стил ширум светот, а истовремено беа и модерен и многу практичен детаљ. Сепак, нешто толку корисно и убаво всушност никогаш не излегува од мода. Оваа година, модните стилисти и љубители на мода на големо ги истакнуваат марамите за глава.

Моментално се апсолутен хит за секојдневни прилика, бидејќи успешно ја разбиваат монотонијата во изгледот, а добра вест е дека можат да се пронајдат во разни бои и дезени.

Исто така, овие марами за коса е пожелно да се носат и изгледаат особено убаво доколку сте на море, па затоа ви е многу полесно да ја заштитите косата од сонцето, а може да изгледате особено привлечно и убаво.

Можеби се чини дека нема толку многу избори, но ќе бидете изненадени од тоа на кои начини можете да ги носите марамите за коса. Можете да ги користите и како додаток во вашата фризура, или да ја завиткате околу коњското опавче, да ја вметнете во плетенка или целото коњско опавче да го замотате. Секако дека има безброј предлози, ова се само некои од нашите омилени.


фото: INSTAGRAM, WANTED!

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: