Урбано и светски: Модни комбинации на младата јутјуберка Леа Станковиќ кои ќе ви послужат за инспирација

Урбано и светски: Модни комбинации на младата јутјуберка Леа Станковиќ кои ќе ви послужат за инспирација

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку сте редовен корисник на Инстаграм или Јутјуб сигурно сте слушнале за Леа!

Леа Станковиќ својот имиџ го изгради на јутјуб, снимајќи интересни видеа кои најмногу се прилагодени на младата популација која се огледува на неа.

Иако сѐ уше снима за јутјуб од влогови до „haul“ видеа, нејзиното внимание сега е најмногу насочено кон ТикТок и Инстаграм, кој никогаш не го запостави.

Во една прилика ја прашаа како би го опишала својот стил, а таа го објасни тоа со една реченица: „Посветеност, уредност, женственост, бидејќи мислам дека секоја девојка треба да биде тоа“. Во нејзиниот стил сѐ уште се присутни истите упатства, а преку образованието таа се стреми да се запише и во светот на високата мода. Имено, таа минатата година се запиша на престижниот универзитет во Париз, кој се базира на дизајн и бизнисот во модниот свет.

Доколку сакате да бидете облече по последната мода, ви го препорачуваме профилот на Леа кој е одличен извор за „тренди“ комбинации.

Во продолжение погледнете некои од најзините најдобри изданија:






Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: