Урнебесно: Нема да верувате што направи кучето
Сведоци сме дека на нашите миленици им доаѓаат на ум секакви идеи што
за нас се малку несфатливи. Без разлика дали станува збор за нивни
реакции, погледи или несмасност, нивното однесување честопати нè поттикнува да се
насмееме и подобриме расположението.
Овој пат, главниот актер беше мало бело куче кое реши да се исфарба, ни помалку ни повеќе, туку во зелена боја.
One white dog + wet freshly cut grass = pic.twitter.com/9mAPPHo1q8
— Wadey (@wilson_wadey) October 3, 2020
Имено, кучето решило да ја „провери“ состојбата на свежо искосената трева, па почнало да се тркала по неа.
По мисијата, тој отишол кај сопственикот, кој бил изненаден и ја споделил фотографијата од кучето на Твитер.
- Едно бело куче + свежо искосена трева - пишува покрај фотографијата која доби повеќе од 96 илјади лајкови.
„Шрек“, „Кучето на Гринч“, корисниците на Твитер се пошегуваа, а некои споделија и фотографии од нивните четириножни пријатели кои го направиле истото.
Фото: Твитер
Можеби ќе ве интересира:
Секундарна трансформација: Порција храна го претвори слатко кученце во бесен ѕвер