Запознајте го Ензо: Поради својата генетска мутација, овој златен ретривер ги освои срцата на Инстаграм (ФОТО)

Запознајте го Ензо: Поради својата генетска мутација, овој златен ретривер ги освои срцата на Инстаграм (ФОТО)

Објавена во: Совети // Другарство

Златниот ретривер Ензо Виола, кој живее во Тексас и кој е роден со мутација и има голема црна дамка на левата страна од лицето, ги освои симпатиите на многу корисници на Инстаграм.

Профилот на ова преслатко куче на Инстаграм го следат повеќе од 180 илјади луѓе, а ниту една фотографија објавена од неговите сопственици не може да помине без убави коментари.


Неговите сопственици, семејството Кастро, го водат профилот каде секој ден се појавува фотографија од животот на Енцо, што прави, што јаде ...




"Енцо има генетска мутација, но затоа е посебен. Тој не личи на другите кучиња, а неговиот дефект не влијае на неговото здравје, тоа е само физички", рекол неговата сопственичка.


Таа објасни и како целото семејство се заљубило во него веднаш штом го виделе за прв пат, не само поради неговиот изглед, туку и поради неговиот карактер.

„Тој е многу симпатичен и разигран и има толку многу енергија што треба да го носиме на долги прошетки двапати на ден“, рече таа.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Преслатко: Куче возврати на бакнежот на неговиот сопственик

Крал во одржување на растојание: Кога ќе помине со големата гранка - сите бегаат


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: