Уште една Македонка го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Валери Димовска направи неочекуван избор на ментор

Уште една Македонка го освои жирито во „Ѕвездите на Гранд“: Валери Димовска направи неочекуван избор на ментор

Објавена во: Stars // Музика

Изминатата сабота се одржа претпоследната емисија од првата сезона на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Иако многумина истакнаа дека оваа емисија е една од најслабите досега, со оглед на бројот на доделени „паник“ тастери, сепак една Македонка успеа да се издвои од масата и да направи вистински бум.

Имено, 24 - годишната Валери Димовска од Скопје, која воедно и ја отвори емисијата со својата изведба го освои жирито, но и публиката во студиото. Со изведбата на песните „Хајде онда ништо“ од Тијана Богичевиќ и „Волим те“ од Анастасија Ражнатовиќ, Валери освои 7 гласови и доби можност сама да си одбере ментор.

Според она што го видовме досега, сите кои имаа по 7 гласови за ментор ја одбираа евровизиската победничка Марија Шерифовиќ за ментор, но Валери направи неочекуван пресврт. Таа за свој ментор го одбра рокерот Ѓорѓе Давид, а изненадувањето за ваквата одлука не ја сокри ниту човекот кој го создаде ова натпреварување - Саша Поповиќ.

Во видеото во продолжение од 4:21 минута, погледнете како се претстави Валери, но и какви коментари доби од жирито:


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: