Уште еднаш покажа зошто важи за еден од најпристојните познати личност: Кијану Ривс на аеродром разговараше со свој обожавател (ФОТО)
Кијану Ривс стана хит на Твитер откако продуцентот Ендру Кимел на таа социјална мрежа објави фотографија од актерот додека разговара со едно момче, откако слетал во Њујорк.
„Кијану Ривс беше на мојот лет од Лондон до Њујорк. Едно момче го замоли за автограм и почна да му поставува низа прашања, а Кијану добро расположен, му одговори на секое од нив“ - напиша Ендру во описот на фотографијата на која се Ривс и неговиот млад обожавател.
Keanu Reeves was on my flight from London to NYC today. A young boy asked for an autograph at baggage & then began to fire off a series of rapid-fire questions. Keanu happily responded to every single one… pic.twitter.com/T7m7PciL5C
— Andrew Kimmel (@andrewkimmel) July 4, 2022
Имено, Ривс и момчето разговорот го започнале на аеродромот, кое го прашало зошто бил во Лондон. Ривс му објаснил дека снима документарен филм. Кога момчето останало без прашања, Кијану почнал да го прашува него зошто тој бил во Европа, кои галерии ги посетил во Париз и да му ја издвои омилената.
„Човекот не можеше да биде попристоен, особено по меѓународниот лет. Сакав ова да го споделам, бидејќи е неверојатно и малите моменти како овој може да направат голема разлика во човечките животи. Ни требаат повеќе луѓе како Кијану! И да, малку си заиграв и побарав фотографија. Морав!“ - додаде продуцентот.
And yes, I geeked out a little and asked for a photo. I mean… had to. Have a happy 4th everyone! pic.twitter.com/JVR5VTPQHz
— Andrew Kimmel (@andrewkimmel) July 4, 2022
„Кијану Ривс е легенда“, „Ова само докажува колкава легенда е Кијану“, „Обожувам како се однесува Кијану. Ова е реткост“, „Кајану е неверојатно добар човек“ - пишуваат твитерџиите под објавата.
фото: Принтскрин / Твитер