Уште на почетокот на ноември ја украси елката и го претвори домот во божиќна бајка: Дали е прерано да се почне со празнување?
За нешто помалку од два месеци ни доаѓа најмагичниот период од годината. Но, некои се нетрпеливи, па решија порано да празнуваат.
До Новата година има нешто помалку од два месеци, но тоа не ги спречува некои целосно да му се препуштат на празничкиот дух.
Блогерката и инфлуенсерка Рози Коноли Квин од Ирска, ги претрка сите други инфлуенсери во создавањето на божиќна атмосфера во нејзиниот дом. Оваа година дефинитивно прва почна да празнува.
Рози ја накити елката и го украси домот со новогодишни украси, како утре да е Нова година.
„Време е... Не можам да ви опишам колку сум возбудена што го уркасив овој ходник за Божиќ. Минатата година се доселивме седум дена пред Божиќ, па немавме можност, а јас буквално сонував за тоа како ќе изгледа оваа година“ - напиша таа во објавата на својот Инстаграм профил.
И додека едни се воодушевени, други во коментар пишуваат дека е уште рано да се постават новогодишните украси.
Што мислите вие?