Успеа да ја надмине и Мадона: Фотографиите од младата пејачка ги оставаат сите без зборови
Овие денови таа е тема број еден...
Изгледа дека Мадона ѝ е идол на Мајли Сајрус. Пејачката тргна по нејзините стапки и веќе некое време ја шокира јавноста со бизарни и понекогаш дури и вулгарни фотографии.
Во последно време повеќе се зборува за нејзините објави на социјалните мрежи, отколку за нејзината музика.
Во изминатиот период експериментираше со изглед, па дури ја скрати и долгата коса, а потоа ги менуваше и боите. И нејзиниот стил стана попровокативен со годините, а слатката тинејџ ѕвезда не остана ниту трага.
Многу обожаватели ѝ замерија за тоа, па редовно под нејзините фотографии може да се прочитаат многу негативни коментари: „Не разбирам зошто ваква промена. Изгледа вулгарно, воопшто не е убаво“, „Премногу е сево ова, ја сакаме старата Мајли“.
Дека Мајли полека станува вистински мајстор за скандали говори и фактот што секоја нејзина фотографија предизвикува големо внимание, а ова се само некои од нив:
фото: Инстаграм / @mileycyrus