Утре го славиме Светол понеделник: Се верува дека на овој ден се бришат сите женски гревови
Православните верници и црквата утре го слават Велигден - првиот ден по Христовото воскресение од гробот
Според византискиот обред, Велигденски понеделник е првиот ден од Светлата седмица - седмицата по Велигден.
Божествените служби на овој ден се исти како и за Велигден. Во повеќето наши краеви велигденските празници траат три дена. Веселбите продолжуваат и во понеделник на Велигден, каде се домаќини роднините, кумовите, соседите и пријателите. Тоа е време кога се собираат роднините и од далечни места. Литии се организираат на многу места.
Во Србија, главно во војводинските села, на овој ден е зачуван интересен обичај - полевање со вода на девојки. Имено, млади момци одат низ селото со кочии и со себе земаат тамбураши или самите пуштаат музика, но носат кофа или бокал со кој ќе ја полеат девојката.
Симболично, истурањето вода претставува миење на претходните женски гревови, а исто така не потсетува на тоа како Исус им ги измил нозете на своите апостоли.
Дополнително, се верува дека колку повеќе некое момче ќе полее некоја девојка, толку се поголеми шансите тој да ја запроси таа година. После тоа, девојката им послужува вапсани јајца, колачи и вино, а понекогаш и танцува со нив. Затоа, драги девојки, ако го видите вашиот избраник како носи вода на овој ден, нека ве прска - тоа е дефинитивно добар знак.
Пред сè, ова е ден за радост и веселба. Затоа, тоа нека биде единственото „правило“ кое треба да го „следете“ денес - бидете среќни, насмевнете се и поминувајте време со оние што ги сакате. Велигден сè уште трае!
Извор: stil.kuir.rs