Утринско селфи со Лана Марија, со Јоана фотка од плажа: Водителката Милена Антовска на летување во Албанија (ФОТО)
Една од најпознатите наши водителки Милена Антовска мометално е на летен одмор во Валона, Албанија.
Заедно со своето семејство - сопругот Гордан и ќерките Лана Марија и Јоана, водителката ужива во убавините кои летото ги нуди.
На својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од летувањето, а помеѓу нив се најдоа и двете селфиња со нејзините наследнички.
Со Лана Марија објави утриско селфи, додека со малата Јоана сподели селфие од плажа.
Дека одлично си поминуваат доволен доказ се фотките кои Милена ги објавува на социјалните мрежи.
фото: Принтскрин / Инстаграм