Вака изгледа ќерката на Силви и Влатко Плевнеш: Го зела најубавото од родителите
Дуо бендот, Силви и Влатко Плевнеш имат испеано многу песни, тие со својата музика ја освоија публиката. Особено нивната песна „Ангели ме носат“, остави белег во македонската забавна музика.
Овој евергрин, е макфестовска композиција која малкумина знаат дека е потпишана од Драган Вучиќ.
Силви и Влатко се и брачни дугари, во брак се повеќе од 3 децении, а ја имаат и ќерката Деа Плевнеш.
Како јавни личности тие често се појавуваат во јавноста, а вака изгледа нивната ќерка.
Деа го зела најубавото од родителите. Таа личи и на татко ѝ и на мајка ѝ. А како што изјави во интервју за Женски магазин Силви, Деа е веган, таа не консумира ништо што е од животинско потекло.
Ова е ретка заедничка фотка на Силви со нејзината ќерка која има специфичен имиџ и стил. Таа практикува јога и како што изјави Силви во една прилика за Женкси магазин двете се приклучиле на глобалната медитација за ослободување и враќање на балансот на планетата Земја.Фото: Фејсбук - Filharmonija Cafe Bar
Фото насловна: Youtube - Romski kulturen i media centar BARIKANIPE/Фејсбук - Filharmonija Cafe Bar