„Вака изгледаат ангелите“: Ќерката на Жељко Јоксимовиќ со фотките од одмор ги „запали“ социјалните мрежи
Мина својот Инстаграм профил има повеќе од 25.000 следбеници, така што малку е да се каже дека има големо влијание на младите...
Ќерката на познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ, Мина Јоксимовиќ сподели фотографии од одмор, со кои привлече големо внимание.
Имено, Мина на својот Инстаграм профил има повеќе од 25.000 следбеници, така што нејзиното влијае на младите е огромно.
На фотките позира во едноделен костим за капење, кој ѝ стои совршено и кој ги истакнува сите нејзини атрибути.
Косата ѝ паѓа преку градите, тука е и заводливата насмевка, а на коментарите под нејзината објава не им се гледа крај.
„Колку си само убава“, „Вака изгледаат ангелите“, „Кукла“ - се само некои од коментарите кои Јоксимовиќ ги доби.
За потсетување, Мина тргна по стапките на својот познат татко, па одамна компонира.
„Најважно ми е она што ќе ми го кажат родителите, секако кога ми даваат совет да променам нешто, јас ги слушам. Тие се секогаш со мене и многу научив од нив. Тато ме научи да работам постојано на музиката. Тој и јас одлично соработуваме и ми е голема поддршка од почетокот“ - неодамна откри таа за „К1“.
фото: Принтскрин / Инстаграм