Вака не се освојуваат: 5 најчести грешки кои момците ги прават со девојките кои им се допаѓаат
Доколку правиш некоја или сите овие 5 работи - самиот себе си ја уништуваш шансата за успешно да ја освоиш девојката која ти се допаѓа.
Ова се најчести грешки кои им се случуваат на момците кога во око ќе им падне некоја девојка и посакуваат да ја освојат. Некогаш може да доживеат неуспех само поради некои вакви глупости. Затоа внимателно читајте и престанете да ги правите овие работи.
# Приоѓаш од погрешна страна
Звучи глупаво и банално, но доколку малку размислиш, ќе сфатиш дека има смисла. Доколку му се приближиш на некој кој ти се допаѓа, така што му доаѓаш од зад грб, тоа не е најдобар пристап. Една од работите кои никој не ја сака е кога непозната личност му се прикрадува зад грб. Да бидеш сигурен дека сте на иста бранова должина, пред да и се приближиш, воспостави контакт со очите, насмеј се, а доколку возврати, имаш зелено светло.
# Имаш сосема погрешен тајминг
Има ситуации кога е сосема погрешно времето за да му се приближиш на некој: кога брза, бидејќи доцни на училиште, кога трча за да го фати автобусот, кога зборува на мобилен или кога повторува за тестот. Во такви ситуации, многу е веројатно дека ни најдоброто влетување нема да ти успее, бидејќи тоа се ситуации кога никој не сака непознати личности да го застатануваат.
# Немаш самодоверба
Дури и кога немаш самодоверба, мора да покажеш дека пукаш од него. Недостатокот на самодоверба нема да ти помогне да освоиш некој. Често некој ќе привлечат личностите кои се сигурни во себе. А како да изгледаш посамоуверено отколку што си? Исправи го држењето, извади ги рацете од џеб, зборувај полека за да ја намалиш можноста јазикот да ти се заплетка и за да не почнеш да пелтечеш. Овие неколку работи може да ти помогнат повеќе отколку што мислиш. Девојките може да забелажат кога си нервозен и тоа не е нешто со што би останеле импресионирани.
# Премногу се трудиш за да ги следиш правилата
Иако е добро да се држиш до некои правила, тоа не значи дека мора да се држиш до нив како животот да ти зависи од тоа. „Здраво, како се викаш“ или „Здраво, изгледаш одлично“ или „Здраво, имаш ли малку време“ се реченици кои секој ги има слушнато веќе милион пати и веројатно нема на нив ни да реагира. Никој не вели дека мора да искористиш и мислиш некој ултра креативен почеток на разговор, но искористи ја ситуацијата во која се наоѓата или околината за почеток на разговор, нешто пропратно и лесно. Во ред е да се потрудиш, но дури и големиот труд знае да биде одбивен.
# Немој да започнеш со флертување уште првата секунда
Доколку и пријдеш на девојка со некој заводнички поглед или некоја слична „финта“, постои добра шанса да помисли дека си уште еден идиот и нема да ти даде шанса. Пријди и на што попријателски начин, а доколку се согласи да разговара со тебе, тоа е веќе добар знак дека имаш некакви шанси. Се што треба да направиш е да и покажеш дека не си уште еден манијак.