Ваков собир не се памети: Илјадници млади пееја во еден глас со децата од „Дајте музика“
Изминатиот викенд, поточно во саботата, Ист Гејт Мол беше најпосетеното место во главниот глад. Илјадници дечиња со своите родителите присуствуваа на концертот на „Дајте музика“ и во еден глас ги пееја најголемите хитови.
Песните кои ги изведуваат малите и големи старомаалци во емисијата „Дајте музика“ ечеа во шопинг центарот Ист Гејт Мол, а најголем бум направија со евровизискиот хит „Green Forces“, со кој минатата година Кики, Анастасија, Миха и Филип ја претставуваа Македонија на Јуниорската Евровизија.
Хамери на кои ја искажуваа љубовта кон своите омилени ликови од „Дајте музика“, многу насмевки, отеани стихови, но и по некоја солза радосница беа вистински доказ дека и најмладите знаат како да се забавуваат.
Слободно можеме да кажеме дека ова е најголемиот собир во главниот град откако започна пандемијата на коронавирус и дека најмладите за првпат по две години се забавуваа како што треба да го прават секојдневно.
Во галеријата во продолжение погледнете дел од атмосферата:
Р.Х.
фото: Вангел Тануровски