Ваква беше- 250кг! Кога ќе ја видите сега, ќе ја сватите и волјата и силата на мозокот и телото

Ваква беше- 250кг! Кога ќе ја видите сега, ќе ја сватите и волјата и силата на мозокот и телото

Објавена во: Живот // Живот

Кристина Филипс беше меѓу најдебелите жени на планетата, а потоа следеше неверојатна трансформација. Успеа да ослабе речиси 250 килограми и денес е сосема поинаква жена!

Кристина Филипс (30) од Мисисипи беше една од најдебелите девојки на светот, а бројката на вагата покажуваше речиси 338 килограми. Дневно внесувала преку 7.000 калории, а од дома не излегувала цели две години. Таа едвај станувала од креветот, а кога одела неколку чекори низ собата, чувствувала дека ќе се задуши.

Таа нагласи дека се чувствувала заробена во своето огромно тело, а за проблемите ги обвини мајка си и нејзиниот тогашен сопруг Зак, кој не само што ѝ купувал оброци брза храна, кои таа ги обожава, туку и ѝ дозволувал да се прејади.

Во еден момент не можела повеќе да издржи и се обратила за помош кај лекарите кои ѝ рекле дека толкави количества масни наслаги може да се отстранат само хируршки, но за да може воопшто да ја направи таа операција морала да изгуби тежина. 

Тука е и почетокот на неверојатната трансформација на Кристина, кога во 2014 година - таа ослабе неверојатни 243 килограми и таа повеќе не е на листата на најдебелите луѓе на светот.

Нејзиниот процес на менување и слабеење го привлече вниманието на светската јавност, а се прослави со учеството во американска ријалити програма во која е претставен животот на девојките кои тежат повеќе од 200 килограми.

- Заробена сум во ова тело во кое не сакам да бидам - ​​им рече тогаш таа на продуцентите на серијата.

Пред осум години лекарите ѝ направија операција на стомакот. Сепак, тоа не било доволно, бидејќи во телото имала големи количества масни наслаги, кои морале хируршки да се отстранат од одредени делови од телото. Според американските медиуми, само од секоја нога биле отстранети по 20 килограми сало.

Како изгледа Кристина денес?

Сега оваа девојка е сосема поинаква. Таа има 83 килограми, што значи дека изгубила две третини од својата поранешна тежина. Таа со голема радост ги споделува своите фотографии на социјалните мрежи. Во меѓувреме, се оствари и како мајка на два сина. Сепак, и за време на бременоста успеала повторно да не се здебели и може да каже дека конечно се победила себеси.

Новиот изглед ѝ донесе и нови проблеми

Кристина сега се соочува со страв да ни ѝ се врати тежината, па секогаш кога ќе види дека се здебелила два-три килограми, може да не јаде неколку дена, само за да не дојде во ситуација да не може надвор од куќата поради дебелина.

- Секогаш кога ќе видев дека вагата покажува дека сум се здебелила, престанував да јадам на неколку дена. Се плашев дека повторно ќе останам заробена во куќата и дека нема да можам да живеам нормално - искрена беше Кристина.

Од друга страна, во тој макотрпен и исцрпувачки процес на слабеење, таа немала соодветна поддршка од тогашниот сопруг Зак. Постојано се расправале, а оваа храбра девојка имала проблем со анксиозноста.

– Во еден момент сфатив дека ова е моја борба и дека не можам да сметам на Зак – истакна таа.

Тие на крајот се разведоа и се покажа како одлична одлука за неа бидејќи најде маж со кој сега ужива. Тие основаа прекрасно семејство, родители се на две момчиња и си се најголемата поддршка во се.

Кристина се чувствува одлично што конечно може да направи се што ќе посака.

- Порано не можев да одам, а само неколку чекори ме оставаа без здив. Сега се чувствувам одлично и можам да направам речиси се што сакам, што е прилично одлично – изјавила Кристина.

Тоа е голема инспирација за другите

Оваа среќна и насмеана млада мајка секојдневно добива коментари со восхит на нејзините социјални мрежи.

извор:stil.kurir


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: