Валентин Костадиновски - Тино: Омилен предмет ми беше физика, а немав поим што се случува!
Оваа недела на тинејџерските години се потсетува младиот и талентиран актер Валентин Костадиновски - Тино.
Како што и самиот вели како тинејџер правел белји, но подоцна се смирил. „Иако бев многу немирен секогаш имав добри оценки.“, откри Тино во едно интервју.
Тој се сеќава и на неговиот прв јавен настап, една година се собрале некоклу момчиња и смислиле кореографија на песната Beat it од Мајкл Џексон. „Ни беше криво бидејќи девојчињата ги ослободуваа од часови и затоа и ние направивме наша група од 9 луѓе“, открива Тино.
Фото:facebook