Ванеса ја откри тајната на совршено обликуваното тело!
Познатата актерка Ванеса Хаџенс сериозно го сфатила моментот дека мора да биде во топ форма поради кариерата и навистина води сметка за тоа како да се храни и како да вежба.
Од неодамна ја започна кето диетата која се темели на намалено внесување на јагленохидрати и зголемено внесувањена масти.
На фотографиите кои редовно ги споделува на Инстаграм се гледа дека актерката е во одлична форма, а овие 5 работи и помагаат да ја задржи витката линија.
# Полудена е со фитнесот
Доколку мислевте дека е доволно да обрнувате внимание на исхраната, ќе ве разочараме. Актерката скоро секое слободно време го поминува вежбајќи, а омилени тренинзи и се SoulCycle.
# Кето диетата и повремен пост
Ванеса покрај диетата држи и еден вид на пост. Актерката јаде само шест дена неделно.
„Во тој период јадам што е можно повеќе за да издржам до појадокот“, објасни актерката и додаде дека оваа комбинација се покажала како најделотворна кога е во прашање слабеењето.
# Тајната е во авокадото
Доколку ја прашате Ванеса, тајната на витката линија е во авокадото.
„Ми требаат здрави масти. Ако не ги внесувам доволно, моето тело ги задржува калориите. Не учат дека маста е нездрава, но постојат и добри. Ова е единствениот начин да не јадам јагленохидрати“, објаснува таа.
# Многу зелена храна
Филмската ѕвезда денот го започнува со омлет со спанаќ, авокадо, тостиран леб со путер и тофу колбаси. Кога ќе одмине денот, најмногу комбинира продукти кои содржат протеини и здрави масти.
# Јога како терапија
Кога би останала смирена и во фокусот, Ванеса се насочила кон јогата. Оваа древна вештина ја опишува како своја „терапија“, пишува index.hr.