Важеше за една од најубавите актерки, а потоа само исчезна: Како изгледа денес Наташа од „Жикина династија“? (ФОТО)

Важеше за една од најубавите актерки, а потоа само исчезна: Како изгледа денес Наташа од „Жикина династија“? (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Актерката Гала Алексиќ (Виденовиќ) беше популарна во 80-тите години, кога доби улоги за кои секоја актерка сонува...

Покрај добрата глума, таа важеше за една од најубавите актерки на својата генерација. Дебитираше во филмот „Мој тата на одреѓено време“, се прослави како Весна во филмот на Срѓан Карановиќ „Јагоде у грлу“, а најголема популарност доживеа во серијалот „Жикина династија“, како Русинката Наташа, но и како Естер во култниот филм на Јован Аќин „Бал на води“.

Меѓутоа, Гала во екот на најголемата популарност се повлече. Оваа заносна уметница во 1989 година замина на Малибу, се омажи за режисерот Владимир Алексиќ со кој ги има синовите Демијан и Павле.

Инаку, пред неколку години актерката доживеа сообраќајна несреќа кога на пешачки премин на неа налетал возач и ѝ нанел повреди. По тој настан, актерката замина на Бали, каде како што кажа во едно интервју, се запознала со хинду филозофијата на живеење.

Денес има 52 години, а големо изненадување беше нејзиното појавување во серијата „Андрија и Анѓелка“.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: