Важи за најмлад и најуспешен уметник во историјата: Били Ајлиш најавува документарец за својот живот

Важи за најмлад и најуспешен уметник во историјата: Били Ајлиш најавува документарец за својот живот

Објавена во: Музика, Филм

Тинејџ ѕвездата Били Ајлиш најави документарец за својот живот, насловен „The Worls's a Little Blurry“, кој својата премиера ќе ја има во февруари следната година, поточно 2021 година.

Покрај премиерата во кино, приказната за животот на 18 - годишната ѕвезда и добитничка на Греми, ќе биде прикажана и на стриминг платформата AppleTV+.

Били Ајлиш Пират Берд О Конел, е родендена во 2001 година, а на само 16 години успеа да ги воодушеви тинејџерите ширум светот и да создаде своја база на обожаватели, а воедно и за краток временски период се искачи на врвот на сите топ листи. Неодамна наполни 18 години, а бидејќи не го привлекува вниманието со голотија, туку со мрачната и бизарна естетика, во стартот се издвои од многуте моментално актуелни поп девојки.

Нејзиниот деми албум „When we all fall asleep where do we go?“ се искачи на првото место на топ листите на Билборд, што воедно ја направи и првиот уметник роден во 21 век кој постигнал ваков успех.

Таа моментално е една од петте најслушани жени на стриминг платформите, а во јануари оваа година успеа да стане и најмладиот уметник кој ги освои сите водечки категории на доделувањето на Греми наградите.


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: