Вечна љубов: Одговори на овие 15 прашања и дознај дали вашата врска ќе потрае
На почетокот на врската е тешко да се предвиди дали новата љубов ќе одлета со текот на времето.
Експерт за љубовта откри дека постојат начини кои говорат дали вашата врска ќе потрае и дали сте ја пронашле вистинската личност.
Гари В. Левандовски, професор по психологија на Универзитот Monmaut, ги направи овие 15 прашања кои помагаат да се открие дали моменталниот партнер е тука за вас на долга стаза.
Одговорете на прашањата со ДА или НЕ и дознајте дали вашата врска спаѓа во оние кои одледаат со текот на времето...
# Дали партнерот ве прави подобра личност и дали тоа е обострано?
# Дали ви е пријатно меѓусебно да ги споделувате чувствата, да се потпирате еден на друг и да не се грижите дали другата личност ќе замине?
# Дали се прифаќате такви какви што сте, без да сакате да менувате нешто?
# Кога ќе се појави несогласување, дали комуницирате со почитување, без негативности?
# Дали заедно ги носите одлуките, моќта и влијанието во врската?
# Дали вашиот партнер ви е најдобар пријатели и дали сте вие негов?
# Дали мислите за терминот „ние“, отколку за „ти“ и „јас“?
# Дали еден со друг си ги доверивте пасвордите на профилите на социјателни мрежи и сметките во банка?
# Дали имате објективно добро мислење еден за друг?
# Дали вашите и неговите пријатели сметаат дека имате добра врска која ќе трае?
# Дали во вашата врска има изневерување, љубомора и контролирање?
# Дали имате исти вредности и сфаќања во погледот на политиката, религијата, важноста на брачната заедница и родителството?
# Дали би ги жртвувале сопствените потреби, желби и цели еден за друг?
# Дали сте емотивно стабилни?
# Дали сте сексуално компатибилни?
Професорот Левандовски рече дека доколку на овие прашања, кои се комбинација од научно истражување и интуиција, одговорите со ДА, вашата врска ќе биде трајна.
Доколку вашиот одговор е НЕ, многу е извесно дека вашата врска нема да потрае толку многу колку што замислувате.
„Тоа што на поединечни прашања можете да одговорите со ДА, не мора да значи дека тоа е добар однос“ - рече професорот и додаде:
„Учењето на добри работи за врските не претставува закана, туку созадавање на добри врски. Доколку сте во среден и лош однос, излегувањето од него може да ви донесе нова врска полна со среќа и љубов.“