Веднаш избришете ја популарната апликација: Преземена е повеќе од 100 милиони пати, а измамени се повеќе од 20 милиони корисници?
Безбедносната компанија Secure - D ги предупреди сите сопственици на Андроид телефоните, на кои е инсталирана познатата апликација за монтажа на видеа веднаш да ја избришаат истата.
Доколку се занимавате со монтажа на видеа, забавното уредување на телелфонот со Андроид софтвер, тогаш не само што сте чуле за оваа апликација, туку и веројатно сте ја користеле или сте ја користеле барем апликацијата VivaVideo.
Оваа апликација е навистина популарна, бидејќи работи брзо, нуди неколку различни опции и ефекти, кои се лесни за примена и промена, а монтирањето е интуитивно, прилично едноставно и поддржува директно споделување на видеата на вашите омилени социјални мрежи. Сепак, се покажа дека VivaVideo е исклучително лоша апликација за паричниците на своите корисници.
Апликацијата досега е преземена повеќе од 100 милиони пати, има собрано над 12 милиони оценки и вкупниот резулт од 4,4, што е одлична бројка, но сето ова само покажува колку нејзините творци свесно ги маскирале сите лоши работи што ги прават со оваа апликација. Споменатата компанија Secure - D откри дека VivaVideo самостојно иницирала премиум претплати за своите регистрирани корисници, кои имале платежна картичка поврзана на нивниот „Гугл“ профил, како и дека на корисниците им испорачувала т.н. „невидливи реклами“.
Ова значи дека апликацијата прикажувала реклами, кои корисникот не ги гледал преку посебни механизми, со цел да собере средства од спонзорите на тие реклами, истовремено заглавувајќи ја работата на уредите на кои работи и тоа без знаење на корисникот. Според извештајот на компанијата Secure - D, VivaVideo има направено над 20 милиони единствени сомнителни трансакции од почетокот на 2019 година до ноември 2020 година, за што компанијата има и докази. Овие трансакции вредат над 27 милиони долари, а компанијата објави дека не е сигурно колку VivaVideo успеала тајно да собере од своите корисници.
Доколку ја користите оваа апликации, а се сомневате дека ве оштетила - побарајте ги ознаките на производителот или името на апликацијата на девизните трансакции, бидејќи за да направите набавка преку апликацијата ви треба валидна дебитна или кредитка / интернет - картичка. Доколку најдете такви трансакции и знаете дека не сте ги направиле - пожалете се до издавачот на VivaVideo, кој е наведен во потписот на апликацијата на Google Play Store.
„Гугл“ досега не реагираше на најавите на компанијата Secure - D, иако е познато дека измамата е отриена во повеќе од 19 земји во светот, меѓу кои најголем број има во Европа.
Дали некогаш сте ја користеле апликацијата VivaVideo?