Веќе 17 години го носи синот на грб: Причината е болна, но мајката не се откажува од своето болно дете
„Срцето ми се скрши кога дознав дека е трајно слеп и ми требаше долго време да го прифатам тоа. Имав 17 години и имав голема одговорност пред мене“ - се присетува оваа храбра жена
Ники Антрам (43), самохрана мајка од Австралија, поминала години и години патувајќи низ светот со синот Џими (26) носејќи го на грб. Таа ја планирала нивната следна авантура во Канада, но пандемијата ги спречила, иако верува дека и тоа брзо ќе помине. Тие во моментов се на турнеја низ Австралија додека не можат повторно да патуваат нормално низ светот.
Џими е роден со физички и ментален хендикеп. Тој е слеп и потребна му е 24-часовна нега. Го родила на 17 години, а си ветила дека ќе му го даде најубавиот можен живот. Носејќи го на грб, патува со него низ светот. Тоа им овозможило да испробаат многу авантури како пливање со делфини, јавање, санкање, летање со балон...
Знае дека не станува помлада и дека носењето на синот на грб ќе биде сѐ потешко за неа. Џими има инвалидска количка која понекогаш ја користи, а често и таа му помага сам да направи неколку чекори.
„Кога го планирам нашето големо патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека, па дури и перници, чаршафи итн. Планирам сè однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, од ресторани, хотели до разни авантури“ - изјави оваа храбра жена.
„Дури и да знам дека сѐ ќе биде во ред, сакам да ги информирам за нас за да бидам сигурна дека ќе разбираат сѐ и дека сѐ ќе оди добро“ - додаде таа.
Храбрата мајка вели дека не може да престојуваат во било какво сместување поради состојбата на Џими и логистичките тешкотии.
„Исклучок беа Хаваи, каде сите сакаа Џими да им се придружи“ - рече таа.
Патем, за време на патувањето често наидува на проблеми, поради вчењето на тешките куфери и носењето на синот на грб. Но, сите проблеми, вели, ги заборава кога конечно ќе стигне до целта.
„Среќна сум бидејќи Џими има слични интереси како мене. И двајцата уживаме во природата, водата, авантурите. Од Бали до Хаваи би стоеле надвор цела ноќ, бидејќи и тој сака да се забавува. Наоѓам начини да му обезбедам најдобар и најавантуристички живот. Најчесто најмногу ужива во наједноставните работи“ – изјави таа.
Кога се дома, стануваат со првите сончеви зраци и одат на возење велосипед - таа вози, а тој ужива во приколката. Собираат школки на плажа, си играат со песок... Ники станува многу рано, подготвува појадок и се грижи синот да биде чист и пресоблечен. Покрај возењето велосипед, вежбаат секој ден. Таа го носи со себе насекаде. Соседите се восхитуваат на силата на оваа жена и секогаш ги поздравуваат на минување.
Храбрата мајка се присети на месеците по неговото раѓање
„Имаше два месеци и веќе беше слеп. Неговата баба забележа дека тој не посегнува по играчките и не гледа директно во шарените работи што висат над него. Тогаш почнавме со тестирања“ - вели Ники.
Шест месеци подоцна дознала дека Џими има епилепсија. Оттогаш до денес, нејзината борба е да му обезбеди што е можно поубав живот. Таа признава дека не била секогаш толку мирна и среќна.„Срцето ми се скрши кога дознав дека е трајно слеп и ми требаше долго време да го прифатам тоа и да ги надминам тие чувства. Имав 17 години и пред мене беше голема одговорност“ – изјави таа.
„Секој ден се трудам да го научам на нови зборови и движења. Тоа е процес кој мора да се повторува многу пати. Знае дека треба да ги мие забите, но мрази кога ги четка. Најсреќен е кога ќе заврши и кога конечно може да спие.
Тој е моја инспирација. Секогаш е среќен, насмеан... Понекогаш се прашувам како можам да бидам тажна кога го гледам толку насмеан иако никогаш не видел бои, облаци, виножита... Тој само седи и се смее. Тој не ме гледа на конвенционален начин, но сигурна сум дека има визија во својот ум за тоа како изгледам“ - заклучи таа, а пренесува Дејли Мејл.
Фото: Фејсбук - Ники Антрам
Видео: Youtube