Веќе бил трипати во притвор: Човекот кој ја следеше Кендал Џенер планирал да ја убие

Веќе бил трипати во притвор: Човекот кој ја следеше Кендал Џенер планирал да ја убие

Објавена во: Живот // Живот

Американската манекенка и ријалити ѕвезда Кендал Џенер неодамна доби соопштение дека Малик Баукер, човекот кој ја следеше планирал да ја убие.

Имено, тој неодамна кажал дека планира илегално да купи оружје и да пука во Кендал, а потоа да се убие, пишува во судските документи до кои дојде „TMZ“.

Кендал тогаш откри дека нема „никаков однос“ со тој маж кој „никогаш не го запознала“. Џенер тврдеше дека била „особено уплашена, бидејќи патувал ширум земјата со една единствен цел - да ја убие“.

Чувствувајќи се „сериозно емотивно вознемирена“, Кендал истакна дека „стравува дека ќе ја најде и ја повреди или убие кога ќе биде пуштен од болница“, пренесуваат тамошните медиуми.

Мажот моментално е на привремено лекување во психијатриска болница, но во било кој момент може да биде пуштен.

Според зборовите на службеникот од полициската станица во Лос Анџелес, Марк неодамна имал намера да „ја убие манекенката Џенер, бидејќи, според неговото мислење, не ја користи својата јавна платформа како што треба“.

Поради забраната за приближување, тој мора да се држи на 100 метри оддалечоност од Кендал и нејзиниот дом, сѐ до сослушувањето закажано за на 20 април 2021 година.

Да потсетиме, пред неколку месеци Џенер побара трајна забрана за пристап на Канаѓанинот, кој трипати бил уапсен поради неовластен влез на нејзиниот имот, а кој доби и забрана.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: