Велеа дека ќе завршат во шахта: Карлеуша откри дека нејзините ќерки се жртви на врсничко насилство
Пејачката истакна дека и нејзините деца биле нападнати...
Пејачката Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Хит твит“ заедно со кошаркарот Дејан Томашевиќ и претседателот на Извршниот одбор на Српската напредна странка, Дарко Глишиќ.
По долга пауза, таа се врати на телевизија Пинк, што беше изненадување за многумина.
Гостите зборуваа за темата која ја потресе Србија, за масакрите кои се случија на 3 и 4 мај, кога настрадаа 18 луѓе, претежно деца и млади, а потоа и за врсничкото насилство и протестите кои се организираат.
Јелена истакна дека и нејзините малолетни ќерки, Атина и Ника, биле жртви на насилство.
„Моите деца ги напаѓаа, тие доживуваа врсничко насилство. За моите деца велеа дека ќе завршат во шахта“ - истакна Јелена.
Пејачката посочи дека ќе излезе и ќе шета против насилството, со сите, но без политички пароли.
„Ајде да шетаме секој ден, секој петок, против насилството над децата. Без политички пароли. Сега не е момент да се делиме. Се пукаат наа сите страни. Целта секогаш ни се погрешни луѓе. Да се криви власта и претседателот за дело на двајца психопати е во најмала рака дегутантно“ - кажа пејачката, која истакна дека во овој случај е целосно аполитична.
„Јас сум Белграѓанка, Белград секогаш бил град каде луѓето излегуваат на улиците, но овде мораме да оиме заедно. Да се собираат поени на ваква трагедија е како воено профитерство. Бидејќи се во прашање деца, е уште полошо. Ние зборуваме за тоа кој е против насилство, а сите сме“ - истакна Карлеуша.
фото: Принтскрин / Инстаграм