Ѝ велеле дека не можат да ја гледаат од што е грда: Потроши 35.000 евра на операции и целосно го смени личниот опис (ФОТО)

Ѝ велеле дека не можат да ја гледаат од што е грда: Потроши 35.000 евра на операции и целосно го смени личниот опис (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Девојката по име Селин Сантино поради навредите решила да направи пластични операции и целосно го променила својот изглед

Девојка од Швајцарија по име Селин Сантино стана светски позната по тоа што буквално го промени својот личен опис, а сето тоа благодарение на пластичните операции.

Селин за своите операции потрошила дури 35.000 евра, а многумина истакнуваат дека и пред масовните операции изгледала многу убаво, а нејзините фотографии од пред и по масовните операции ги запрепастија сите корисници на социјалните мрежи.


Таа се одлучила на овој потег по долгогодишно малтретирање во тинејџерските години. Имено, нејзините врсници ја исмејувале и навредувале на секој чекор, велејќи ѝ дека е „грда“ и дека е тешко некој да ја гледа.

Селин рекла и дека малтретирањето отишло дотаму што често се преправала дека е болна, само за да избегне да оди на училиште.


„Ме мачеа секој ден, секој пат поради нешто друго. Или ми велеа дека изгледам како момче затоа што немам гради или пак дека задникот ми е премногу дебел, што сега ми се допаѓа. Децата ми велеа дека моето лице личи на ѓубре, дека мојот стил на облекување е грд, ништо не им се допаѓаше кај мене. Ме задеваа, навредуваа, игнорираа... Никогаш не ми дадоа шанса да покажам која сум, ја гледаа само „грдата“ Селин“, изјави таа.

Досега три пати ги оперирала градите, но и носот и вбризгувала филери во образите, брадата и усните.

„Отсекогаш сакав да имам големи гради. Да водам нормален живот без осудувања и критики... Заштедував многу пари кога бев помлада. Воопшто не се забавував пред да наполнам 18 години. Работев многу и ги потрошив сите пари на операции. Сега сум полна со самодоверба и се чувствувам како генијалец. Јас сум посилна од било кога. Ако некој ме навреди, не ми е важно. Никој повеќе не може да ме повреди“, објасни таа.


Таа рече дека не се променила како личност иако променила речиси сè кога е во прашање нејзиниот физички изглед. Сепак, и покрај сето тоа вели дека е сингл веќе седум години и има проблем да најде момче. Селин верува дека мажите се премногу нервозни и се плашат да ѝ се додворуваат.


Погледнете ја неверојатната трансформација:

Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: