Вели дека порано бил дебел, а денес девојките се „луди“ по него: Како изгледа братот на Сања Вучиќ? (ФОТО)

Вели дека порано бил дебел, а денес девојките се „луди“ по него: Како изгледа братот на Сања Вучиќ? (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Сите погледи се вперени во братот на Сања...

Сопственичката на еден од најраскошните вокали и посебна енергија, Сања Вучиќ има брат за кој полудеа сите жени. Секој мускул на неговото тело е извајан, а со својот шармантен изглед е неодолив за понежниот пол.

Од друга страна, Милош Вучиќ (34) се занимава со многу сериозна работа. Завршил стоматологија и моментално работи маркетинг во една фармацевтска компанија.

„Често ми приоѓаат луѓе на улица, ме препознаваат и тоа ми се допаѓа, морам да признаам. Некои од нив ме знаат како братот на Сања, па ме прашуваат кога ќе објави нова песна, дали можам да ја поздравам, тоа малку ме оптеретува, но понекогаш добивам и пофалби на моја сметка“ - кажа Милош за „zadovoljna.rs“ во една прилика.

Меѓутоа, многу е интересен фактот што не изгледал секогаш така. Имено, иако денес е препознатлив по мускулестото тело, некогаш бил дебел. За само една година успеал да симне 25 киограм и да се трансформира.

Споделувајќи фотографија од себе од пред 12 години на Инстаграм, каде го следат 185.000 луѓе, стана инспирација на многу луѓе, кои ги поттикнува на промени.

„Како мал бев дебел, исто како и мојата Сања. А, потоа на почетокот на факултет, во 2011 година, одлучив да ја свртам приказната. Почнав интензивно да вежбам, го променив начинот на исхрана и низ години и години вежбање, го добив телото кое го имам денес“ - кажа Милош.

Истакна и дека промената на навиките и редовниот тренинг му овозможиле да има волја за сѐ, како и дека е многу подобро расположен.

„Здравиот начин на живот ме одржува да функционирам добро во сите сфери. Таквиот живот води и до психичко здравје, и ни носи бенефити на сите полоња, професионално и емотивно, бидејќи сме многу подобро расположени и имаме повеќе волја. Тренингот на дневно ниво е многу важен, бидејќи така го исфрламе вишокот негативна енергија и затоа на сите им препорачувам здрав живот и здрави навики“ - заклучи згодниот стоматолог.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: