Веља Невоља ги убивал и своите „војници“: Член на навивачката група на Беливук исчезна минатата година, постојат сомнежи дека е ликвидиран

Веља Невоља ги убивал и своите „војници“: Член на навивачката група на Беливук исчезна минатата година, постојат сомнежи дека е ликвидиран

Објавена во: Живот // Живот

Ништо не е познато за судбината на Александар Глигоријевиќ, кој се фалеше со фотографиите со Вељко Беливук, Милован Тадиќ, Салет Струј и другите членови на таа криминална група.

Криминалната група на Вељко Беливук, познат како Веља Невоља и Марко Миљковиќ Маре, која е осомничена за најмалку четири убиства, е поврзан со уште неколку исчезнати мажи, а меѓу нив, како што дознаваат српските медиуми, е Александар Глигоријевиќ, кој соработуваше со нив!

Глигоријевиќ е, инаку, претседател на Фудбалскиот клуб „Текстилац“ од Оџак, а тој на социјалните мрежи често истакнуваше дека е член на „навивачката“ група на Беливук, Принципи.

Неговото име неодамна го спомена шефот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пусиќ, како име на лицето кое се наоѓа на списокот на исчезнати лица.

„Семејствата пријавија исчезнувања, но овие луѓе не се пронајдени до денес. Некои од нив веќе и беа познати на полицијата, некои припаѓаа на навивачки групи. Не можеме да тврдиме дека се живи или не“ - изјави тогаш Пусиќ.

Сепак, неговите фотографии и објави на социјалните мрежи сведочат дека исчезнатиот Глигоријевиќ бил близок со Беливук и неговиот тим.

Тој објавил фотографии со Беливук на Инстаграм во ноември 2019 година, во чиј опис пишува: „И кога има радост и кога има тага, секогаш биди со својот пријател! Од Принципи“.

„Е, мој Ацика, тој дојде до твојата глава“ - пишува во еден коментар под таа фотографија, објавена пред неколку дена.

Патем, со последната фотографија што Глигоријевиќ ја објавил на последниот ден од април минатата година, пред четири недели беше објавен коментар: „Нека ти е лесна црната земја“.

Меѓу бројните фотографии, кои тој ги објавуваше скоро секој ден, се и оние со уапсени членови на кланот Беливук, Милован Тадиќ Микс, Борис Карапанџиќ, како и Александар Алексиќ, попознат како Сале Струја. На неговиот Инстаграм профил има и фотографија од венчавката на Алексиќ во септември 2018 година, а како опис под неа стои: „Го оженивме брат ми“.

фото: Принтскрин

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: