Вељко откри зошто детето ќе го именува Крстан: „Се чувствувам исто како и првиот пат, само уште поблагословено“
Боксерот Вељко Ражнатовиќ за „Телеграф.рс“ зборуваше за претстојниот меч кој ќе се одигра на 8-ми ноември, но и за тоа дека по втор пат ќе стане татко.
Вељко и Горан Бабиќ ќе се борат за титулата српски првак, а сега Ражнатовиќ откри како се чувствува за тоа.
- Не размислувам за губење. Фокусиран сум само на победа, и отсекогаш било така, тоа е единственото нешто што ме интересира. Мислам дека јас и Горан не сме исти, и дека сме тотално различни. Тој е добар боксер, непоразен, и не знае за пораз како мене, но ќе видиме. Мислам дека сум подобар боксер во секој поглед – ни изјави тој откривајќи дали има посебни подготовки, како и дали чувствува притисок.
- Подготовките се дефинитивно посебни. Никој не ме тера да боксувам, ако не можеш да се справиш, не мора да боксираш. Го сакам тоа и едвај чекам таков притисок, го сакам тоа чувство - рече Вељко, а потоа откри како се чувствува кога ќе стане родител по втор пат:
- Се чувствувам како прв пат, само поблагословено. Ти благодарам драг Боже. Не можам да кажам дека не ми дава ветер на грб - додаде тој, а потоа раскажа за името на детето кое го избраа.
- Крстан е посебно старо српско име. Уникатно е, не е вообичаено име, што секако е уште подобро за нас - ни рече Вељко, па додаде што мисли, каков прекар би имал Крстан:
- Јас сум Вељко, и никогаш не ме викале со некој прекар, па мислам дека и тој нема да има прекар. Само Крстан е доста.
Извор: telegraf.rs