Вељко покажа што јадат синовите за појадок: Сите зачудено гледаа во чинијата на малиот Жељко (ФОТО)
Боксерот Вељко Ражнатовиќ живее со сопругата Богдана и нивните синови во родниот Тител, каде што се засолнија од градскиот метеж
Секојдневно уживаат во семејната куќа, огромниот двор со базен и природа. Вељко постојано потенцираше дека не сака да поминува време во Белград и дека мирот го нашле во Тител.
Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ е активен на социјалните мрежи и често ги фотографира синовите Крстан и Жељко, додека неодамна родениот Исаија сѐ уште не е прикажан во јавноста.
Вељко сега ги сликаше своите постари синови како појадуваат, а многу луѓе забележаа дека појадуваат сосема обичен оброк- павлака и виршли. Исто така, неговите следбеници биле воодушевени кога виделе дека малиот Жељко јаде од специфична чинија, што многумина ги врати во детството.
„Слатки се“, „Вистински момци“, „Нека се живи и здрави“, „Е, ова е вистинско детство“, беа коментарите под објавата.
Извор: blic.rs